РК Охрид отвора против Прилеп во плејаутот

Охрид, 23. март 2019 (ИНПРЕС) – Ракометарите на Охрид пред своја публика ќе ги стартуваат натпреварите во плејаутот во Супер лигата, откако не ја постигнаа една од целите – да играат во плејофот.

Вечерва од 19:00 часот во салата „Билјанини извори“ ја пречекуваат екипата на Прилеп, против која имаат играно и претходно и имаат славено победа.

Во останатите мечеви од плејаутот ќе играме против Борец, во третото коло гостуваме кај Радовиш, а уште едно езерско дерби „гладијаторите“ ќе го одиграат дома. Во последното петто коло ќе гостуваме кај екипата на Вардар јуниор. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest