АТП: Ѓоковиќ се пласира во третото коло на турнирот во Мајами

Мајами, 22. март 2019 (ИНПРЕС)Шесткратниот шампион Новак Ѓоковиќ се квалификуваше за третиот круг на „Мастерс“ турнирот во Мајами со награден фонд од 8,36 милиони долари.

Ѓоковиќ, кој е број 1 на светската АТП листа и лидер во главната шема на турнирот, го победи Бернард Томиќ со 7:6, 6:2 за 74 минути игра.Во третиот круг, Србинот ќе игра против Федерико Делбонис кој го елиминира Џон Милман  со 7:5, 3:6, 7:6 за два и пол часа игра.

Бранителот на титулата и седми носител, Џон Иснер нанижа 20 аса при победата над италијанскиот квалификант Лоренцо Сонего со 7:6 (2), 7:6 (7).

Шампионот од „Мастерс“ турнирот во Индијан Велс и трет во шемата, Доминик Тим отпадна во вториот круг по поразот од 22-годишниот Хуберт Хуркач со 4:6, 4:6.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest