Champions-League-640x360

Новата Суперлига гарантира 900 милиони евра годишно за секој учесник

Лондон, 24. март 2019 (ИНПРЕС)Новата Суперлига, која се очекува да ја замени Лигата на шампионите, ќе гарантира приход од 900 милиони евра годишно за секој тим, кој има загарантирано постојано учество. Оваа сума не ги вклучува износите кои тимовите ќе си ги поделат од наградниот фонд.

Еволуцијата на Лигата на шампионите е резултат на детални консултации со учеството на сите засегнати страни.

Суперлигата ќе биде природна замена за Лигата на шампионите. Новиот проект сѐ уште е во процес на подобрување и преговорите се спроведуваат помеѓу Европската асоцијација на клубовите и УЕФА.

Според откритијата на „Шпигел“, кои се базираат на информации од „Фудбал Ликс“, во Суперлигата ќе учествуваат 16 од најголемите клубови во Европа – Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Јувентус, Челзи, Арсенал, Париз Сен Жермен, Манчестер Сити, Ливерпул и Милан. Тие ќе бидат основачи на новиот турнир. Кон нив ќе се приклучат Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Олимпик Лион, Интер и Рома, кои ќе бидат третирани како гости.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest