letnosmetanje

Викендов стартува летното сметање на времето

Охрид, 26. март 2019 (ИНПРЕС) – Претстојниов викенд стартува летното сметање на времето.

Ноќта меѓу 30-ти и 31-ви март стрелките на часовникот ќе треба да се поместат за еден час нанапред, односно времето во 02:00 , ќе се смета за 03:00 часот.

Летното сметање на времето за прв пат беше широко применето во 1916-та година, како военовременска мерка насочена за заштеда на јагленот. Европските земји сега веќе се подготвуваат за конечно да се укине поместувањето на стрелките на часовникот.

Летното сметање на времето завршува на 26-ти октомври. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest