Прогласена епидемија на морбили во Струга, во Охрид 3 заболени лица

Струга/Охрид, 26. март 2019 (ИНПРЕС) – Прогласена епидемија на морбили во Струга. Пријавата во Центарот за јавно здравје во Охрид била доставена вчера попладне, информира за Супер радио директорот Сашо Точков.

– Бројката на заболени е 24 и сите доаѓаат на инфективното одделение во Охрид. Сите пациенти се со полесна клиничка слика, нема компликации и сите се на домашно лекување. Во Охрид има само тројца заболени од морбили, вели за Супер радио и OhridPress Точков кој апелира да се вакцинираат оние што немаат примено вакцина и да се избегнува контакт со заболените лица. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest