Советниците ја одржаа 26-та седница на Градскиот совет

Охрид, 2. април 2019 (ИНПРЕС) – По одложувањето од неколку часа, денес се одржа 26-та седница на Советот на општина Охрид.

на истата беа прифатени предложените одлуки за формирање комисија за процена и утврдување на висината на штета настаната од природни непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи, за одобрување изјава на единка корисник на финансиска поддршка – ОУ„Ванчо Николески“ од село Лескоец, ОУ „Григор Прличев“, ОУ „Св. Климент Охридски“ и СОУС „Св. Кирил и Методиј“, за усвојување на извештај за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски на општина Охрид и единки корисници до 30.09.2018 година, за усвојување на Годишниот извештај за спроведувањето на програмата за развој на Југозападниот плански регион и годишен извештај за работењето на Центарот за развој на југозападниот плански регион за 2018 година и за усвојување на годишната сметка за работата на ЈП „Билјанини извори“ за 2018 година.

– На почетокот на седницата која беше одложена, па презакажана за денеска во 15:00 часот, беа повлечени сите точки од дневниот ред кои се однесуваа на утврдување потреба од донесување на урбанистичко- планска документација, со цел вклопување на бесправно изградени објекти, информираат од општина Охрид. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest