Културен фестивал „Децата на Бугарија пеат и играат во Охрид“

Охрид, 3. април 2019 (ИНПРЕС) – Вршителот на должност градоначалник на Охрид, д-р Константин Георгиевски синоќа присуствуваше на отворањето на културниот детски фестивал „Децата на Бугарија пеат и играат во Охрид“ што се одржа во НУЦК „Григор Прличев“.

– Целта на настанот е да се зајакнат пријателските односи и соработката во областа на културата меѓу Република Северна Македонија и Бугарија. Организатор на фестивалот што завршува во четврток е Здружението за култура и уметност „Арт Вивенди“ од Охрид и бугарската Фондација „Жар-С“, а поддржан од Амбасадата на Република Бугарија, информираат од општина Охрид. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest