Ќе се работи на кружниот тек кај Општа болница, граѓаните да користат алтернативни патишта

Охрид, 4. април 2019 (ИНПРЕС) – Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици ги информира граѓаните, дека денес ќе се интензивираат градежните активности на кружниот тек кај охридската Општа болница.

– Истите ги изведува градежната фирма АД „Илинден“ од Струга. Сите учесници во сообраќајот да користат други алтернативни патишта за задоволување на потребите и да го одбегнувааат овој потег каде сообраќајот ќе се одвива отежнато, дури на периоди и целосно ќе биде запрен за да се овозможи непречено одвивање на градежните активности, информираат од Секторот. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest