Балкански конгрес на урологија во Охрид

Охрид, 5. април 2019 (ИНПРЕС) – Од 5-то до 7-ми април во Охрид ќе се одржи Балканскиот конгрес на урологија.

– За прв пат во Македонија, ќе се одржи Балканскиот Конгрес по урологија, кој има за цел да ги обедини сите уролози од овој регион, без разлика од каде доаѓаат, а се со цел да ги споделат своите знаења кои досега ги стекнале и заеднички да напредуваат за доброто на пациентите, информираат организаторите.

На свеченото отворање на Балканскиот конгрес на урологија, кој ќе се одржи во хотелот „Метропол“, вечерва ќе се обрати министерот за здравство Венко Филипче. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest