Полицискиот час денес почнува во 16:00 часот

Полицискиот час денес почнува во 16:00 часот

Охрид, 13. април 2020 (Inpress) – Забраната за движење на територијата на цела држава денес продолжува како во работните денови, почнува во 16:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наутро.

На сила е забраната за групирање на повеќе од две лица на јавни места и јавни површини освен за родители со деца до 14 години. На повозрасните лица над 67 години дозволено им е да излезат надвор од домот од 10:00 до 12:00 часот, а на младите до 18 години – од 13:00 до 15:00 часот. Сопствениците на миленици ќе може да ги изнесат надвор половина час, од 20:00 до 20:30 часот и притоа да не бидат подалеку од 100 метри од објектот во кој живеат.

Забраната не важи за полицијата, армијата, здравствените работници, како и за маркетите и рестораните кои се доставувачи на производи. Аптеките ќе работат непречено.

– Исклучоците важат за вработените лица во МВР, припадниците на Агенцијата за национална безбедност, Министерството за здравство, Министерството за одбрана, противпожарните територијални единици, Царинската управа, земјоделските лица и фармери кои работат и се движат во атарот на руралните средини и оние кои одгледуваат раноградинарски култури и имаат неодложни активности за одгледување на истите во овој период, млеко производителите, како и другите лица и институиции опфатени во исклучоците за овие мерки и забрани, соопшти Владата.

Што се однесува до маркетите, тие треба да го прилагодат своето работно време согласно забраните за движење на територијата на државата и непречено да го организираат работниот процес. (Крај)

извор: Inpress фото: архива