Meѓународни средби на дијализирани и трансплантирани пациенти во Струга

Струга, 9. април 2019 (ИНПРЕС) – Во организација на Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“, во Струга од 11-ти до 14-ти овој месец ќе се одржат првите Meѓународни средби на дијализирани и трансплантирани пациенти во Македонија со едукативен и спортски карактер.

– На свеченото отворање кое е закажано за 12-ти април во 11:00 часот во хотелот „Дрим“, учество ќе земат претставници на Здружението „Нефрон“, Мрежата на организации на југоисточна Европа SEEN Transplant, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, МАНУ, Клиниката за нефрологија, Центарот за трансплантација на бубрези, Националниот координатор за трансплантација, Заводот за нефрологија Струга, Дијализните центри, пациентите на дијализа, пациентите со трансплантиран бубрег и други органи, дарителите на органи и други гости, информираат од „Нефрон“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest