Прва „битка“ на бармени во Охрид

Охрид, 11. април 2019 (ИНПРЕС) – Охриѓани и гостите викендов за првпат ќе бидат сведоци на вистинска „битка“ на бармени. Од новиот хотел Sky Corner за во сабота ја најавуваат „The Battle of The Barmens“.

Врвните техники и вештините во комбинирање на пијалоците, создавајќи коктел со уникатен вкус ќе ги покажат Даниел Новиќ и Љупчо Јаковлески, двајцата охриѓани кои се закитија со награди на 12-то Државно првенство на бармени.

– Присутните ќе доживеат едно поинакво искуство. И двајцата ќе подготвуваме по три коктели, секако тоа ќе биде придружено со многу изненадувања при изработката. Присутните ќе може да ги пробаат коктелите по промотивна цена од 180 денари и да дадат оценка на нашиот труд, изјави Новиќ за Супер радио и OhridPress.

Натпреварот помеѓу двајцата врвни бармени ќе се случи в сабота, 13-ти април, со почеток во 21:30 часот, во хотел Sky Corner. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest