Пожар во куќа во Годивје, изгоре кровната конструкција и дел од покуќнината

Охрид, 11. април 2019 (ИНПРЕС) – На 10-ти април оваа година, околу 03:00 часот, во СВР Охрид било пријавено дека во куќа во селото Годивје, општина Дебрца, избувнал пожар, при што изгорела кровната конструкција како и дел од покуќнината.

– Пожарот бил изгаснат од екипа Територијалната противпожарна единица од Охрид. По овластување на Јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид, информираат од секторот. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest