Охриѓанец физички нападнат во населбата „Св. Стефан“

Охрид, 11. април 2019 (ИНПРЕС) – На 9-ти април оваа година, околу 17:30 часот, во СВР Охрид било пријавено дека во охридската населба „Св. Стефан“ бил нарушен јавниот ред и мир.

– Непознато лице физички го нападнало 36-годишниот А.С. од Охрид. Полициската станица од Охрид презема мерки за целосно расветлување на настанот, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest