ohriddek29

Денес во Охрид ќе се презентира начинот за аплицирање за субвенции за организиран туристички промет

Охрид, 12. април 2019 (ИНПРЕС) – Во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, во Охрид ќе се одржи презентација на начинот за аплицирање за субвенции за организиран туристички промет.

– Презентацијата ќе има за цел да го појасни начинот за аплицирање за субвенции за организиран туристички промет, најчести пропусти во поглед на поднесување на предметните барања и практикување на Правилникот за субвенционирање на странски организиран туристички промет. Дополнително, за време на презентацијата ќе се направи сублимат на примените и обработени предметни барања за субвенции за 2018-та година, како и осврт на работата во тековната година. Целта на презентацијата е запознавање на сите заинтересирани страни кои поднесуваат или планираат да поднесат барања за добивање на субвенции и нивно полесно аплицирање, како и симплифицирање на детектираните комплексни области кои се непосредно поврзани со оваа активност, информираат организаторите.

Комисијата за субвенционирање на странски организиран туристички промет ќе ја изврши презентацијата во хотелот „Милениум Палас“ во Охрид, денес, 12-ти април со почеток во 11:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest