ohridnoemvrigoko

Информативен настан за избор на „Иновативно претпријатие на годината“ во Охрид

Охрид, 12. април 2019 (ИНПРЕС) – Во хотелот „Лебед“ во Охрид, денес ќе се одржи Информативен настан за избор на „Иновативно претпријатие на годината“.

– Преку награден фонд од вкупно 600.000 денари, обезбеден со поддршка на Град Скопје, наградени ќе бидат 3 компании со 200.000 денари, средства кои компанијата ќе ги искористи за унапредување на конкурентноста на иновацијата и интернационализација на бизнисот. Најдобрата компанија од секоја категорија ќе добие признание за успешност и ќе биде промовирана на првата манифестација „Иновативно претпријатие на годината“ која ќе се одржи на 29-ти мај во Скопје. Добиените средства компанијата ќе може да ги искористи за следниве цели: заштита на интелектуалната сопственост на иновацијата, посета на меѓународни саеми, конференции, б2б настани и купување опрема, информираат организаторите.

Сите заинтересирани компании повеќе детали можат да добијат на следниот линк. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest