Наскоро премиера на претставата „Алиса во земјата на чудата“ во Охрид

Охрид, 12. април 2019 (ИНПРЕС) – Од НУ Центар за култура „Григор Прличев“ и охридскиот Народен театар ја најавуваат премиерата на детската театарска претстава „Алиса во земјата на чудата“.

– Познатото дело од англискиот писател Луис Карол е во режија на Ѓорѓи Ризески, а во неа играат актерите Адријана Билаловиќ Тодороска, Ивица Цонев, Павел Маслов и Филип Кипровски. Претставата ќе биде прикажана на редовниот репертоар, информираат од охридскиот Центар за култура. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest