teatar-premiera

„Стаклена менажерија“ вечерва на репертоарот на охридскиот театар

Охрид, 12. април 2019 (ИНПРЕС) – Вечерва на репертоарот на охридскиот народен театар повторно е претставата „Стаклена менажерија“, работена по текст на Тенеси Вилијамс, во режија на Софија Ристевска Петрушева.

Станува збор за автобиографско дело на Вилијамс првпат поставено 1944 во Америка. Претставата е семејна драма, доминантна е мајката, која што го управува семејството и ги води своите деца во една емоционална бездна. Ова театарско остварување дава повик дека послабите во општеството треба да се почитуваат.

– „Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот. Во ова време на либерален капитализам, хуманоста полека исчезнува. Стаклена менажерија е емоционално патување низ комплексноста на семејните односи. Претставата е болен крик за големата неспособност на човекот да љуби, вели режисерот Ристевска Петрушева.

Во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска и Филип Кипровски.

Почетокот на претставата е во 20:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest