Дете го заклучило таблетот на својот татко до 2067 година

Њујорк, 12. април 2019 (ИНПРЕС) – Њујорчанецот Еван Оснис на Твитер побара помош, откако неговиот тригодишен син му го заклучил Ајпадот до 2067 година.

– Ова изгледа лажно, но сепак, ова е нашиот Ајпад денеска, откако нашиот тригодишен син „се обидуваше“ (повеќепати) да го отклучи. Идеи? – гласи објавата на Оснис.

Пораката на екранот гласела: „Обидете се повторно за 25.536.442 минути“. Тоа се 48 години.

Меѓу советите од типот „Стави го во вреќа со ориз“ и „Времепловот ти е најдобра варијанта“, дојде и вистинското решение. Централата на Епл се јави со опцијата да се отстрани проблемот, но со опасност податоците на таблетот да бидат загубени. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest