Започна реконструкцијата на сообраќајницата низ поранешната касарна

Охрид, 13. април 2019 (ИНПРЕС) – Денес започна реконструкцијата и проширувањето на сообраќајницата која поминува низ поранешната касарна „Михајло Апостолски“.

Должината на новата улица е 480 метри, а градежните активности се очекува да завршат за неколку дена. Улицата, која ќе добие нова сигнализација и осветлување видно ќе го растовари сообраќајот од населбите „Радојца Новичиќ“, „Долно Лакочереј“, „Горно Лакочереј“ и „Орман“ кон централното градско подрачје, информираат од општина Охрид. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest