Милошевски: Со сериозна стратегија кон туризмот, до посилна локална економија

Охрид, 15. април 2019 (ИНПРЕС) – Охрид како туристичка дестинација мора да ги отвори вратите за туристите како богатото културно и природно наследство на УНЕСКО, порача на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Митре Милошевски.

Со сериозна стратегија и пристап кон една од најважните економски гранки за охриѓани-туризмот, директно ќе придонесеме во локалната економија која после падот и стагнацијата во последната година ќе даде оптимистички показатели.

Нови проекти за убав град:

– Формирање на Локален економски совет за интезивирање на соработката помеѓу општината и приватниот сектор
– Изработка на студија за мапирање на стратешки индустриски сектори во регионот на Охрид за правилно насочување на ресурсите во градење на модерна индустрија која е неопходна за остварување на одржлив економски развој
– Oтворање Туристичко биро во рамките на ТЛЕР кое ќе функционира во туристичко-информативниот центар преку кое ќе оди промоција на туристичката понуда и производ на градот, давање услуги во посредување при сместување, информација за настани и туристички производи, дистрибуција на промотивен материјал и сл.
– Воведување бесплатен бежичен интернет на најпосетувани локации во градот кој ќе биде достапен и за граѓаните и туристи.
– Традиционално одржување на туристичката „Промотивна Тура“ со цел широка медиумска промоција на Охрид како и креирање на нови пакет аранжмани
– Фестивал „OHRID CALLING“ како бренд кој во голема мера ќе го промовира Охрид насекаде низ светот
– Воведување видеонадзор на јавни површини и објекти од јавен карактер и интерес за да се зголеми безбедноста
– Набавка на мултифункционална бина со озвучување и осветлување за зголемување на квалитетот на манифестациите и збогатување на туристичката понуда на Охрид
– Поддршка на туризмот преку конгреси, семинари за развој на конгресниот, здравствениот, културниот, верскиот, спортскиот и сите видови туризам
– Перманентна промоција на туристичкиот потенцијал на Охрид преку директни промоции во повеќе градови преку таргетирана промоција на која пред поканети туристички работници (туроператори, агенции, хотелиери и сл), и локални и национални медиуми, амбасади и претставници на властите, ќе бидат промовирани туристичкиот потенцијал и производ на градот, сместувачките капацитети и целокупната понуда.
– Континуирана туристичка промоција на Охрид за јакнење на меѓународната соработка и зголемување на довербата со збратимените градови и со градовите со кои заедно аплицира, како и таргетираните дестинации во кои се врши промоција на градот Охрид
– Интензивирање на меѓународната соработка со соседните држави во насока на искористување на европските програми за финансирање на проекти на Локалната самоуправа

Развојот на туризмот е нашиот врвен приоритет затоа што значи истовремено и директно и индиректно зголемување на бројот на вработени во градот. Овие и многу други мерки ќе придонесат Охрид да стане препознатлив и често посетуван.
Почитувани,
Избори на кои единствената опција е бројот 5.
5 за секогаш убав град.
5 за нов градоначалник,
5 затоа што Охрид повикува! (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest