ГФК Охрид Лихнидос го совлада Црно Буки

Охрид, 15. април 2019 (ИНПРЕС) – Нови три бода на контото на фудбалерите на ГФК Охрид Лихнидос.

Во 19-то коло од Третата македонска фудбалска лига југозапад ја совладаа екипата на Црно Буки со резултат 2-0. Головите ги постигнаа Ромео Кочоски од пенал и Томе Речкоски.

Охридските фудбалери моменатално се неприкосновени на врвот. Со последниот триумф имаат 48 бодови и се чекор поблиску до титулата шампиони во Третата фудбалска лига, што ќе им обезбеди место во второлигашкото друштво.

Во следното коло, охридските фудбалери му гостуваат на тимот на Преспа. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest