Gimnazija-deca-1-640x360

Двајца гимназијалци освоија први места на регионални натпревари по хемија и македонски јазик

Охрид, 15. април 2019 (ИНПРЕС) – Охридските гимназијалци продолжуваат да нижат успеси.

Овојпат се покажаа најдобри на регионалните натпреавари по хемија и македонски јазик и литература.

На регионалниот натпревар по хемија кој се одржа во ПСУ„ Јахја Кемал”- Тетово, Михаил Талев, ученик во II година го освои првото место, под менторство на професорката Билјана Стевоска.

На регионалниот натпревар по македонски јазик и литература Елена Шаптеска ученичката во II година освои прво место под менторство на професорката Ирена Бачиќ. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest