Русија го има најголемиот хеликоптер на светот

Москва, 15. април 2019 (ИНПРЕС) – Во московската фабрика за хеликоптери „Милј“ (МВЗ) прв пат е преставен воениот транспортен хеликоптер Ми-26 Т2В.

Станува збор за најновата модификација на најголемиот хеликоптер на светот, кој е изработен  по налог на Воздушно- вселенските сили на Русија.

„Ми-26“чии производител на фабриката „Ростверол“ од Ростов на Дон се смета за најголемиот транспортен хеликоптер на светот. Хеликоптер сличен на Ми-26 се произведува уште само во САД, но со многу помала носивост.

Хеликоптерот Ми -26 прв пат е произведен уште во седумдесеттите години на 20 век  бил замена за тешкиот хеликоптер Ми – 6, од тогаш па се до денеска хеликоптерот се модернизира и сега е вистинско супер летало.

Должината на овој неверојатен хеликоптер изнесува цели 40 метри, може да полета со тежина од 56 тони, широчината на просторот за товар е 3,2 метри  и има простор од 11- кубни метри , може да се смести воен камион „Урал“.

Хеликоптерот може да носи до 20 тони товар во кабината или на надворешна сајла, носивоста на американскиот хеликоптер „Сикорси“ ЦХ-53Е е нешто помала од 14 тони во кабината, а на надворешната сајла 14,5 тони.

Огромниот воен транспортен хеликоптер може да прими 85 војници од пешадија , до 70 падобранци со полна опрема или 60 ранети на носила.

Два турбомлазни мотори со сила од 11000 коњски сили го осигуруваат подигнувањето на хеликоптерот во воздух. Моторите се опремени со ротори со дијаметар од 32 метри со осум елиси. (Крај)

извор: Канал 5 фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest