Денес затворени улици поради привршување на активностите кај кружниот тек до Општата болница

Охрид, 16. април 2019 (ИНПРЕС) – Од општина Охрид ги известуваат граѓаните, дека поради привршување на градежните активности, денес целосно ќе бидат затворени за сообраќај дел од улиците кај кружната крстосница до Општата болница.

Посебниот сообраќаен режим ќе важи во периодот од 07:00 до 17:00 часот, а ќе важи за улиците:

– улица „Питу Гули“, од крстосницата со улица „Марко Нестороски“ до кружната крстосница кај Болница;
– улица „Јане Сандански“, од крстосницата со улица „Карпош Војвода“ до кружната крстосница;
– улица „Даме Груев“, од крстосницата со улица „Карпош Војвода“ до кружната крстосница;
– улица „Марко Цепенков“, од крстосницата со улицата „Вангел Николоски“ до кружната крстосница и
– улица „Сирма Војвода“, од крстосницата со улицата „8-ми Септември“ до кружната крстосница.

Од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид апелираат до сите учесници во сообраќајот да ја избегнуваат погоренаведената улична мрежа, со цел навремено завршување на градежните активности на кружната крстосница. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest