ДИК до утре треба да го предаде изборниот материјал до општинските изборни комисии

Скопје/Охрид, 16. април 2019 (ИНПРЕС) – Државната изборна комисија најдоцна до утре треба да го предаде изборниот материјал за претседателските избори и предвремените лоакани во три општини.

Според роковникот на Комисијата, материјалот се предава најдоцна во рок од 72 часа пред денот за определување на изборите.

Утре на полноќ истекува и рокот во кој избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор можат да се пријават до Општинските изборни комисии.

Тие, како и болните и изнемоштени лица, внатрешно раселените и лицата кои се наоѓаат во казнено поправните установи гласаат на 20-ти април, ден пред одржувањето на изборите. В сабота ќе гласаат и избирачите кои на денот на изборите се на привремена работа или престој во странство.

Во текот на утрешниот ден во Државната изборна комисија гласаат членовите на Избирачките одбори во Дипломатско-конзиларните претставништва и тоа во периодот од 07:00 до 19:00 часот.

Изборната кампањата завршува в петок, 19-ти април на полноќ. Во Охрид ќе се гласа на 88 избирачки места. Охриѓани на 21-ви април покрај што ќе гласаат за претседател на државата, ќе избираат и нов градоначалник, откако на 15-ти декември минатата година, ненадејно почина досегашниот градски татко, проф. д-р Јован Стојаноски. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest