Владимир Четкар на официјалната топ 40 листа на FM Kyoto во Јапонија

Токио/Охрид, 16. април 2019 (ИНПРЕС) – Во конкуренција на најголемите музички звезди на Америка и Англија за прв пат се најде и македонски артист, кога популарната радио станица FM Kyoto од Кјото, старата јапонска престолнина ја стави песната Come With Me (авторско дело на Четкар) во својата официјалана ТОП 40 листа на прекуокеански артисти.

Последниве два месеци подршката на музиката на Четкар во Јапонија е се поинтензивна каде песните од нeговиот трет студиски албум Going Home се константно во етерот на некој од најголемите тамошни радио станици како Cocolo FM, Kobe FM, Toyota FM, FM Nagano, Inter FM Tokyo, MOMO Radio и многу други радио станици.

Една од најпопуларните јапонски издавачки музички куќи со светско реноме P-Vine кон средината на март го издаде албумот „Going Home“ на Четкар. Албумот за кратко време стана фаворит број еден во најголемите музички продавници во центарот на Токио (Шинџуку и Шибуја) и беше претставен во секцијата на интернационални прекуокеански артисти рамо до рамо со некој од најкомерцијалните музички ѕвезди како Ариана Гранде и Џастин Бибер. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest