Две Швеѓанки ќе го претвораат цел Стокхолм во Музеј на историјата на жената

Стокхолм, 16. април 2019 (ИНПРЕС) – Жените се половина од светското население, но сепак историските наративи насекаде се крајно патријархални. Мажите во секоја историска тема се главни историски ликови, па затоа Швеѓанките Лина Томсгард и Хелене Ларсон Пусет одлучија да основаат Музеј на историјата на жената во Стокхолм.

– Традиционално, историјата ја пишуваат мажи за мажи и приказната е околу мажите. Историјата е обично сведоштво за војната и политичката моќ, а тоа се области во кои жените не биле толку присутни. Има толку приказни во кои жените имале водечка улога, а коишто не се познати, иако говорат за тоа како сме дошле до мигот во кој живееме. И тоа знаење треба да биде дел од колективната меморија – нагласува Томсгард, директорка на Музејот.

Натаму објаснува дека не говори за класичен музеј како објект.

– Ќе го претвориме цел Стокхолм во Музеј на историјата на жената – додава таа.

Концептот опфаќа предавања, прошетки низ градот, прикажување филмови на различни места по градот, со што ќе се популаризира улогата на жената низ историјата.

Прашана – зошто се одлучиле за „музеј без ѕидови”, Томсгард одговара, исто така, со прашање: „А, каде да најдеме зграда во која ќе го сместиме половина човештво?”. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest