Пендаровски во Куманово: Имаме шанса за голем економски развој со членството во НАТО и отварање на вратите на ЕУ

Куманово, 16. април 2019 (ИНПРЕС) – Кандидатот за претседател поддржан од СДСМ и коалцијата Стево Пендаровски, синоќа на митинг во Куманово ја побара поддршката на граѓаните од градот, за кој рече дека претставува Македонија во мало.

Навраќајќи се на минатото, истакна дека во Куманово отсекогаш победувал концептот кој што и сега оваа политичка опција го нуди, едно општество за сите, концепт за кој рече го срушил режимот со пенкало.

Тој ги повика кумановци да гласаат за претседател, кој нема да личи на досегашниот, за кого истакна дека ги кочи евроатлантските интеграции. Пендаровски се осврна и на договорите со Бугарија и Грција, со кои посочи се отвараат вратите на Европа. Со Законот за јазиците, истакна тој, затворен е Охридскиот рамковен договор, и со него е направена внатрешна кохезија. Осврнувајќи се на економијата, Пендаровски додаде дека веднаш по поканата за НАТО се чуствуваат првите позитивни економски индикатори.

– Ќе бидат и многу повеќе кога ќе се заокружи тој процес, два месеци отсега со полно право очекуваме да добиеме и датум за преговори со ЕУ, истакна Пендаровски.

Тој нагласи дека државава ја очекуваат стотици милиони евра за развој на општеството. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest