НБА: ЛА Клиперс се врати од -31 и го победи Голден стејт,Филаделфија израмнија во серијата со Бруклин

Оукленд, 16. април 2019 (ИНПРЕС)ЛА Клиперс го израмни резултатот во серијата против Голден стејт Вориорс на 1:1, откако напрви неверојатен пресврт, надомести негатива од 31 поени и победи 135:131.

Голден стејт вориорси го „газеа“ противникот 30 минути. Актуелните шампиони имаа предност 94:63 и во тие моменти никој во арената „Оракл“ не помислуваше дека гостите од Лос Анџелес можат да се вратат во мечот.

Вилијамс ги предводеше Клиперси со 36 поени и 11 асистенции, Херел забележа 25 поени и 10 скока, Данило Галинари постигна 24 поени.Кај Вориорс Стеф Кари постигна 29 поени, Кевин Дурент постигна 21 поен, а Клеј Томпсон 17,пренесува порталот Топспорт.

Филаделфија го израмнија резултатот на 1:1 во серијата со Бруклин Нетс. Филаделфија, вториот меч го добија со убедливи 145:123. Серијата сега се сели во Бруклин каде ќе се одиграат третиот и четвртиот меч.

Кошаркарите на Филалделфија прашањето околу победникот го решија во третата четвртина, кога ги торпедираа кошот на противникот. Во овој период домашните играчи постигнаа 51 поен.

Шестмина кошаркари на Филаделфија постигнаа двоцифрен број на поени. Ембид постигна 23, Херис 19, Симонс забележа трипл-дабл (18 поени, 10 скока, 12 асистенции), Редик заврши со 17 поени, а Марјановиќ забележа 16 поени и 8 скока.

Динвиди со 19 и Расел со 16 поени беа најефикасни во редовите на Бруклин. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest