sala

Кардиф ги доставиле доказите во ФИФА

Кардиф, 16. април 2019 (ИНПРЕС)Фудбалскиот клуб Кардиф до Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ги доставиле доказите за спорот со Нант, поврзани со исплатата на трансферот на Емилијано Сала.

Нант побараа помош од ФИФА откако Кардиф одбиле да ги исплатат 15 милиони фунти за трансферот на Сала. Аргентинецот на 19 јануари потпиша договор со Кардиф, стана најскапиот играч во историјата на клубот, но само два дена подоцна тој загина во авионска несреќа.

Од тој момент двата клуба водат спорт поврзан со исплатата на парите. Нант си ги бара договорените пари, а од Кардиф тврдат дека не мора да ја исплатата сумата бидејќи трансферот правно не бил завршен.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Топспорт фото: архив

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest