„Comfy Angel“ во Охрид ќе организира хуманитарна распродажба, собраните средства ќе одат за следниот подвиг на Марко Пејчиновски

Охрид, 17. април 2019 (ИНПРЕС) – Познатата прилепска компанија „Comfy Angel“, заедно со Црвен Крст од Охрид, во сабота, на 20-ти април организира голема хуманитарна распродажба на своите производи.

– Распродажбата, која ќе се одржи кај Чинарот ќе биде од хуманитарен карактер, а дел од средствата кои ќе се соберат ќе му бидат донирани на 13-годишниот херој од Охрид Марко Пејчиновски кој ќе ги искористи во подготовките за својот следен спортски потфат, информираат од „Comfy Angel“.

Марко Пејчиновски, на 28-ми август минатата година, на 12 годишна возраст успеа да го преплива Охридското Езеро и да влезе во историјата. Неговиот подвиг беше уште поголем, ако се знае дека исплива 30 километри со инфаркт на нозете, со што стана и најмладиот маратонец на кој тоа му успеа.

– Сега имам нова цел. Ќе пливам за децата со ретки болести. Со ваша помош ќе успеам, порача Марко од сцената на манифестацијата „Златна бубамара“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: „Comfy Angel“

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest