policijaopsta

Полициски службеници спречиле физичка пресметка на улицата „Ристо Чадо“, кривични за три лица

Охрид, 17. април 2019 (ИНПРЕС) – На 16-ти април оваа година, во 17:45 часот, на улицата „Ристо Чадо“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир од страна на три лица.

– Инцидентот започнал со караница помеѓу 59-годишниот Б.А, од една и Д.М.(80) и Г.А.(31) од друга страна, сите од Охрид. Обидот за меѓусебна физичка пресметка е спречен од полициските службеници кои пристигнале на местото на настанот и ги привеле лицата. Против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest