Трендафилов Нанче на средба со мештаните на Куратица

Охрид, 17. април 2019 (ИНПРЕС) – Кандидатот за градоначалник на Охрид од ГДУ, Михаил Трендафилов Нанче синоќа оствари средба со мештаните на селото Куратица, на која се разговараше за проблемите со кои се соочуваат граѓаните од ова место.

– Жителите на селото побараа да се вратат месните заедници и исто така како најголем проблем го истакнаа поврзувањето односно немањето на пат кој ќе ги поврзува општина Охрид со општина Дебарца. Невработеноста и наглото иселување на младите причинуваат голема загриженост на куратичани. Михаил Трендафилов Нанче им кажа на мештаните дека не може со магично стапче да се решат сите проблеми, но им порача дека ако стане татко на градот со многу работа, чесно и домаќински, заедно ќе почнат да ги решаваат проблемите еден по еден. Средбата во селото Куратица помина во пријателска атмосфера во која сите присутни во отворен разговор можеа да ги претстават и да добијат одговор за своите проблеми, информираат од ГДУ. (Крај)

извор: ГДУ фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest