Во исчекување на титулата – билетите за последниот меч на Ливерпул се продаваат за 6.000 фунти

Ливерпул, 17. април 2019 (ИНПРЕС)Ако случајно сте во Англија и сакате да го погледнете последниот меч од сезоната на Ливерпул против Вулверхемптон на 12 мај, подобро да имате длабок паричник.

Во исчекување на титулата и прогнозите дека борбата за титулата ќе се одлучува во последниот, цената на билетите за овој меч се продаваат за неверојатна сума од 6.000 фунти. Манчестер сити, инаку, истиот ден играат на гости против Брајтон.

Преку веб-сајтот за продажба на билети „Лајв фудбал тикетс“, најскапиот билет се продава за 5.950 фунти, додека најефтиниот оди за солидни 724.99 фунти, за место кое не нуди најдобар поглед на мечот. Препродавањето на билети е нелегално во Велика Британија и може да се прави само преку официјалните канали на клубот, кои сепак не можат да ја контролираат цената по која тие се продаваат.

Ливерпул до крајот на сезоната ги очекуваат Кардиф овој викенд, потоа играат дома со Хадерсфилд, на гости кај Њукасл и дома против „волците“. Сити имаат значително потежок распоред – играат дома во сабота против Тотенхем, па играат кај Манчестер јунајтед, кај Барнли, дома против Лестер и на гости кај Брајтон. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest