Милошевски: Разубавувањето на делот околу Охридското Езеро е наш приоритет

Охрид, 17. април 2019 (ИНПРЕС) – Кандидатот за градоначалник на Орхид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Митре Милошевски денес одржа прес-конференција, на која порача дека Охрид мора да е убав, да функционира. Охрид не смее да биде заборавен, ниту запоставен.

– Разубавувањето на делот околу Охридското Езеро е наш приоритет. Охриѓани и туристите заслужуваат нови уредени катчиња за поубав и позелен лик на градот. Изградба на нов плоштад „Студенчишта“. Пешачко-рекреативните патеки од мостот кон хотелот „Парк“ и од „Котва“ до „Билјанини Извори“ наметнаа потреба да се изгради нов модерно хортикултурно-уреден парк на просторот од пресекот на улиците „Кеј Македонија-АСНОМ“ и ресторанот „Котва“. На самиот плоштад, ќе има и парк за миленици кој ќе биде ново препознатливо место во градот, а додека сме тука да потенцирам дека состојбата со бездомни животни веднаш ќе биде решена. За убав град: Изградба на Кеј како модерно шеталиште за охриѓани и туристите, Реконструкција на плоштадот „Крушевска република“ со кој се добива нов и модерен лик, уредување на парковите на влезовите на Охрид, доуредување на плоштад во Љубаништа. Партерно уредување, изградба на пешачки и велосипедски патеки. Преку добрите решенија директно даваме придонес за почиста и поздрава животна средина. Со напорна работа и максимална посветеност да придонесеме за подобра Локална самоуправа. Градот мора да се развива и да има успеси. За подобри улици, патишта, канализациони мрежи, училишта, градинки, спортски сали, паркови, локални индустриски зони, и многу многу други проекти. Нашата работа ќе биде таа која носи поубав и подобар град, подобар живот и подобра иднина. Затоа на 21 април, бројот 5 е единствениот избор за убав Охрид. 5 за убав град! Охрид повикува, истакна Милошевски. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest