Ученици од ОУ „Григор Приличев“ на отворањето на Детскиот фестивал за слика и филм БУФ

Охрид, 17. април 2019 (ИНПРЕС) – На 15-ти овој месец, учениците од VIII и IX одделение при ОУ „Григор Приличев“ и подрачното училиште од населбата Рача, заедно со нивните наставнички по германски јазик Моника Герасимовска, Билјана Атанасовска и Ивана Маховска Шикалеска присуствуваа на отворањето на осмиот по ред Детски фестивал за слика и филм- БУФ во Кинотека на Македонија.

– На фестивалот се прикажаа 5 висококвалитетни германски филмови, во оригинал со превод на македонски јазик, наменети за деца кои можат да го читаат преводот или разбираат германски јазик. Нашите ученици го следеа филмот „Љубопитниот Тоби и тајната на нашата планета“, информираат од училиштето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest