ССМ: Потрошувачката кошница во март чини 32.852 денари

Скопје, 19. април 2019 (ИНПРЕС) – На едно четиричлено семејство, во март му биле потребни минимум 32.852 денари за да ги задоволи основните потреби, покажуваат податоците кои ги изработи Сојузот на синдикати на Македонија.

Тоа е зголемување за 91 денар во споредба со јануари (во февруари немаше информации), а споредено со потрошувачката кошница од март минатата 2018 година, зголемена за дури 434 денари. (Крај)

извор: ССМ фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest