СВР Охрид со официјално соопштение за сообраќајката кај Рача, повреден 77-годишен велосипедист

Охрид, 19. април 2019 (ИНПРЕС) – На 18-ти април оваа година, во 11:50 часот, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, во близина на населба Рача, се случи сообраќајна незгода, во која е повредено едно лице.

– Незгодата се случи помеѓу патнички автомобил марка „Голф“ со охридски регистарски ознаки управувано од страна на 27-годишниот Р.М. од Демир Хисар и и велосипед управуван од 77-годишниот А.Т. од Рача. Тој, со возило на Итна медицинска помош е пренесен и задржан на лекување во Општата болница во Охрид. На местото на настанот, по овластување на Јавен обвинител, увид извршија полициски екипи, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest