Monte-Carlo-Masters

АТП: Фоњини-Лајовиќ во финалето на Мастерсот во Монте Карло

Монако, 21. април 2019 (ИНПРЕС) – Италијанецот Фабио Фоњини  го победи Шпанецот Рафаел Надал со 2-0 (6:4 и 6:2) во полуфиналето на АТП турнирот во Монте Карло.

Во меч што траеше еден час и 37 минути, 13-от носител изненадувачки беше подобар од вториот носител.

Противник на италијанскиот тенисер во мечот за трофејот ќе биде Србинот Душан Лајовиќ,кој во првото полуфинале го совлада Даниел Медведев (Русија) со 7:5 и 6:1.Наградниот фонд на АТП „Ролекс Монте Карло Мастерсот“ изнесува 5,2 милиони евра.

Финалето е закажано за денеска со почеток во 14.30 часот. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest