Музеј на црвената историја е отворен во Дубровник

Дубровник, 22. април 2019 (ИНПРЕС) – Во хрватскиот град Дубровник е отворен Музеј на црвената историја, во кој на мултимедијален и интерактивен начин се изложени над 500 експонати од периодот на СФР Југославија.

Идејата на Музејот, кој е сместен во просторот на Фабриката за јагленографитни производи (ТУП), е да ја прикаже „историјата на социјализмот во Хрватска“.

Еден од основачите на Музејот, Нино Главиниќ изјави дека целта не била да се наметнува некаков суд за периодот на социјализмот, тука на посетителите да им се овозможи самите да дојдат до заклучоци преку „информациите пренесени на најобјективен начин“.

– Во светот постои тренд на зголемување на интересот за социјализмот. Демократскиот социјализам јакне во САД, а кај нас доаѓаат се поголем број американски туристи и очекувам голем интерес од тој дел на светот. Што се однесува до домашните (посетители), очекувам едни да дојдат од носталгија, втори од загриженост, а трети од љубопитност – изјави Главиниќ. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest