Пендаровски се заблагодари за поддршката и прогласи победа

Скопје, 5. мај 2019 (ИНПРЕС) – Кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски прогласи победа на шестите претседателски избори, заблагодарувајќи се на поддршката истакна дека ќе им служи на сите граѓани.

– На европски и кристално чисти избори, граѓаните одлучија да продолжиме заедно напред. Ова беше достоинствена Македонија, ова е победа на граѓаните на Северна Македонија, независност од било каква припадност, и на крајот рекоа продолжуваме заедно напред, и никогаш повеќе режим. Денеска победија граѓаните. Свечено сакам да објавам ќе им служам посветено на сите. Исходот значи пат напред. Излеговме од темното дно, и оваа придобивка да ја чуваме и развиваме. Уште поголем успех затоа што овие избори се победа на обединувањето и заедништвото. Ќе работам како поддршка на проектите на оваа влада, но исто така ќе критикувам онаму каде што ќе сметам дека има грешки. Овие избори се порака дека само заедно може да се оди напред. Оваа победа е наш билет за Европа , доказ дека само кога сме обединети ќе има датум за преговори со ЕУ во јуни и просперитет за сите, рече Пендаровски.

Потенцира дека ќе се залага за правичност и чесна држава, ќе обединува, нема да дели и ќе биде фактор на стабилност, а не фактор на кризи.

– Драги пријатели сакам да ви ветам една работа, ќе бидам Претседател на држава од која нема да се срамите, додаде Пендаровски.

Тој се им се заблагодари и на неговите противкандидати Гордана Сиљановска Давкова и Блерим Река кои придонеле за кристално чисти избори. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest