ВМРО-ДПМНЕ: Во Охрид победи правото и правдата, народот јасно и недвосмислено ја делегитимира власта

Охрид, 5. мај 2019 (ИНПРЕС) – Во Охрид победи правото и правдата. Народот јасно и недвосмислено ја делегитимира власта, порачаа на официјалниот профил од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, по објавувањето на официјалните изборни резултати.

– Картата е црвена, а тоа е бојата на победата. ВМРО-ДПМНЕ е коренот на македонскиот граѓанин. И покрај заканите, уцените и притисоците Ви благодариме за безрезервната поддршка и не застануваме туку продолжуваме помотивирани, посплотени поединствени кон целосна победа во Охрид и преземање на власта. Борбата за Македонија продолжува, порачаа од партијата.

Според официјалните резултати објавени од страна на Државанта изборна комисија, нов градоначалник на Охрид е д-р Константин Георгиески од СДСМ со освоени 16.523 гласови. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Митре Милошевски освои 12.668 гласови. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest