ВМРО-ДПМНЕ: Достоинствено продолжуваме со крената глава кон освојување нови победи

Охрид, 6. мај 2019 (ИНПРЕС) – Во Охрид победи правото и правдата. Охрид ја доби битката на душата и честа. Реалноста за охриѓани е дека бараат правда, слобода, стандард, принципи и вредности, стои во соопштението испратено до јавноста од ОК на ВМРО-ДПМНЕ по вчерашниот втор круг од локалните и претседателските избори.

– Народот јасно и недвосмислено ја делегитимира Власта препознавајќи го нејзиното лошо владеење и погрешни политики. Картата е црвена, а тоа е бојата на победата. ВМРО-ДПМНЕ е коренот на македонскиот граѓанин. Благодарност до сите граѓани коишто не поддржаа, за нивната храброст, честитост, патриотизам, како и макотрпна, чесна и достоинствена работа во изминатиот период додека траеше кампањата, но и претходно. Честитките до Константин Георгиески ги испраќаме со порака за успешност во работата на Локалната самоуправа реализирајќи ги сите искажани ветувања. Како конструктивна опозиција уште денеска започнуваме со контрола на неговата работа и ветувања кон охриѓани и ќе бидеме гласен коректор на Локалната власт. ВМРО-ДПМНЕ како победник на претседателските избори во Охрид ја зацврствува својата позиција со освоените гласови што претставува предност и опомена за предвремени парламентарни избори. И покрај заканите, уцените и притисоците Ви благодариме за безрезервната поддршка и не застануваме туку продолжуваме помотивирани, посплотени и поединствени кон целосна победа во Охрид и преземање на власта. Достоинствено продолжуваме со крената глава кон освојување нови победи. Борбата за Македонија продолжува, стои во дописот до медиумите. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest