Тамара за прв пат ја изведе „Proud“ на евровизиската сцена

Тел Авив, 8. мај 2019 (ИНПРЕС) – Тамара Тодевска, нашата годинашна претставничка на 64-то издание на Изборот за песна на Евровизија ја имаше првата проба на големата сцена.

Тамара носи смарагдно зелен фустан, дизајн на Александар Ношпал, а сценскиот настап се подготвува во консултација со тим од Шведска.

Изборот за песна на Евровизија ќе се одржува од 14-ти до 18-ти мај. Тамара со темата „Proud“ ќе настапи на 16-ти мај, во втората полуфинална вечер, под број 17.

Aвтори на нашата евровизиската тема песна „Proud“ се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а стиховите се дело на писателот Коста Петров. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest