Охрид ќе го одбележи Денот на Европа

Охрид, 8. мај 2019 (ИНПРЕС) – Со повеќе активности во Охрид ќе се одбележи 9-ти мај – Денот на победата над фашизмот и Ден на Европа.

Централната манифестација ќе се одржи во голема сала на општина Охрид од 10:00 часот, каде свое обраќање ќе има градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Денот на Европа е одбележување на годишнината од историскиот говор одржан во Париз во 1950 година кога Роберт Шуман, тогашен француски министер за надворешни работи, ја претставил идејата за нова форма на политичка соработка во Европа, со која војните помеѓу народите во Европа ќе станат незамисливи. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest