Охрид го одбележа Денот на Европа

Охрид, 9. мај 2019 (ИНПРЕС) – Охрид го одбележа Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот.

Свеченоста започна со интонирање на државната химна, во изведба на градскиот хор „Вокс Лихнидос“.

Честитајќи го денешниот ден, градоначалникот д-р Константин Георгиески подвелече дека Охрид како град кој во минатото и сега е крстосница на цивилизациите и столб на вредностите врз кои е изградена Европската унија е вистинско место во кое може уште еднаш да го испратиме повикот за зачувување и менување на општествените, човечки и хумани принципи.

– Наша желба но и надеж е дека после целата истрајна работа во спроведувањето на реформите вроди со плод и дека земјава за скоро време ќе биде рамноправен член на европското семејство. Грешките кои во минатото се поставуваа како проблем се посветивме и изнајдовме решение, станавме примерна држава која со соочувањето со предизвиците и постигнувањрто на зацртаните цели стана пример за сите останати. Работиме на реформите и ги утврдуваме европските стандардите. Сето ова ни дава за право да реагираме за забрзување на процесот на нашите евроинтеграции. Се надевам дека токму општина Охрид ќе биде меѓу првите која ќе го почувствува благодетот од членството во ЕУ. Сакам да порачам победата над фашизмот да ни биде водилка во премостување на пречките и проблемите на патот кон европското семејство, потенцира Георгиески.

На свеченоста беа презентирани реализираните проекти, посети, стручни обуки на ученици и наставен кадар во рамки на Еразмус + програмата од страна на охридските средни училишта. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest