Константин Георгиески седна во градоначалничката фотелја (Фото)

Охрид, 9. мај 2019 (ИНПРЕС) – Константин Георгиески официјално седна во градоначалничката фотелја и од денес и официјално ќе раководи со градот Охрид во текот на наредните две и пол години.

Во присуство на сите членови, претседателот на Општинската изборна комисија Климент Камнароски, му го врачи Уверението на новоизбраниот градоначалник.

Георгиески изрази благодарност до сите граѓани кои го искористија своето право и граѓанска должност и гласале за еден од кандидатите. Рече дека од денес е градоначалник на сите граѓани на Охрид, независно од нивната политичка, верска, етничка или национална припадност.

– Посебно сакам да се заблагодарам на тие што мене ми ја дадоа подршката и уште еднаш да им ветам и да се обврзам дека ќе работам во интерес на градот, на соживотот и во интерес на просперитетот наш и на идните генерации. Општината беше и ќе биде секогаш отворена за сите граѓани, тука сме да ги слушнеме нивните барања, предлози и заедно да работиме во насока на напредокот и растот и развојот на нашиот град. Почнуваме и продолжуваме да ги реалзиираме сите проекти во нашата програма, уште понапорно и попосветено, со една искрена, вредна и пред се чесна работа мислам дека ќе успееме да ги реализираме сите проекти, истакна Георгиески. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest