ВАЛЕО советува: Со едноставни вежби да ја победиме болката заедно

Охрид, 10. мај 2019 (ИНПРЕС) – Болките во вратниот дел од `рбетот најчесто ги погодуваат лицата кои (пре)долго време поминуваат пред компјутер, телевизор, зад волан…

Овие проблеми многу често можат да бидат предизвикани и од несоодветна висина на перницата за спиење. Кога се присутни подолго време, а притоа не се превзема никаков чекор, болката може да стане вистински проблем за нормално живеење.

Од ординацијата за физикална терапија ВАЛЕО советуваат: Да ја победиме болката заедно.

Неколку вежби со кои можете сами да ја олесните болката.

Ротација во вратот
Ова движење помага за олеснување на вртењето за одржување на флексибилноста на вратот и спречување на вкочанетоста.

Image may contain: 3 people, text

Повторете ја вежбата 10-15 пати на секоја страна

Странично истегнување на вратот
Оваа вежба за мобилност е идеална ако имате болки во мускулите во горниот дел од грбот и вратот. Неправилната положба на телото или непријатна позиција на спиење може да резултира со спазам на мускулите на вратот, а ова може да предизвика болка во главата и вратот.

Image may contain: 3 people, text

Повторете ја вежбата 10-15 пати на секоја страна

Флексија и екстензија во вратот
Ова движење може да го правите додека стоите или седите, ќе ви помогне за да се спречи или намали спазамот на вратот и горните мускули.

Image may contain: 2 people, text

Повторете ја вежбата 10-15 пати на секоја страна

Кружни движења со рамената
Оваа вежба ги ослободува мускулите на главата, вратот и рамената и помага за нивно зголемување на мобилноста.

Image may contain: 3 people, people standing and text

Повторете ја вежбата по 10-15 пати на двете страни

Ротација на торзото
Ротирањето на горниот дел од вашето тело ги активира мускулите околу ‘рбетниот столб. Целта на овие вежби е истегнување на горниот дел од грбот, но без префорсирани движења за да не се предизвика болка.

Image may contain: 3 people, text

Повторете ја вежбата 10-15 пати на секоја страна

Подигање на рамената
Оваа вежба е корисна за ослободување на затегнатоста на мускулите на вратот и горнито дел од грбот. Подигнете ги рамената колку што можете повеќе, кога ќе ги спуштате треба да осетите затегнатост во вратот.

Image may contain: 3 people, text

Повторете ја вежбата 10-15 пати

Истегнување на m. levator scapulаe
Ова едноставно истегнување ја вклучува тежината на главата за истегнување на мускулите на вратот. Оваа вежба овозможува моментално ослободување на напнатоста на мускулите на вратот и рамената и е корисна вежба за канцелариски работници.

Image may contain: 1 person, text

Повторете ја вежбата 10-15 пати

ROLL-DOWN Истегнување
Оваа вежба е одлична за истегнување на вратот, но многу е важно да ја задржите главата назад а вашата брада цврсто стегната додека ја спуштате главата надолу. Ова осигурува да го истегнете целиот врат, а не само долниот дел од него и горниот дел од грбот. Се препорачува доколку страдате од тензични глаболки и постурална болка.

Image may contain: text

Повторете ја вежбата 10-15 пати

Ординацијата за физикална терапија „Валео“ се наоѓа на нова локација, на улицата „АСНОМ“, во населбата „Бејбунар“. Дополнителни информации сите заинтересирани можат да добијат на телефонот 071/506-818. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest