Градоначалникот на Нирнберг во посета на Охрид

Охрид, 13. мај 2019 (ИНПРЕС) – Градоначалникот на Нирнберг, Улрих Мали, во придружба на заменик градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи, викендов беа во посета на Охрид.

Нивни домаќин беше претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска. Гостите во рамки на нивната посета се запознаа со функционирањето на Локалната самоуправа и со туристичките потенцијали што ги има Охрид.

Градот Нирнберг и Скопје се збратимени градови од 1982 година. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest